Дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство вечерва гостуваше во емисијата За или против на Алфа Телевизија каде што се разговараше за сите актуелни теми во земјоделието, но и најава за некои од проектите кои се во програмата за претстојните парламентарни избори.

-800 милиони евра се поделени за четиригодишен мандат, односно во рамки на една буџетска година ќе одвоиме околу 200 милиони евра. Тие 200 милиони евра се поделени на: 20 милиони евра за делот на водостопанство што вклучува враќање на системите во нормала, 100 милиони евра имаме директна поддршка на земјоделците, односно за субвенции, каде што ќе има зголемување на субвенциите за неколку култури коишто се во фаза на исчезнување и останатите 80 милиони евра ќе бидат во делот на инвестиции и модернизација на македонското земјоделство, истакна Трипуновски.

ВМРО-ДПМНЕ и Трипуновски со сериозен финансиски инпут планираат повторно да го вратат епитетот Македонија е земјоделска држава, којшто пополека го губиме и тоа го говорат сите бројки.

-Со сериозен план и во делот на водостопанството и во делот на модернизацијата и во делот на субвенциите ќе има сериозен инпут да ја враќаме Македонија да биде повторно земјоделска држава, дополни Трипуновски.