Заклучно со вчерашниот ден вкупно 10.724 лица се провериле во Избирачкиот список, информираат од Државната изборна комисија (ДИК).
Поднесени се вкупно 27 барања за запишување во Избирачкиот список, 23 барање за бришење на податоците од Избирачкиот список и 15 барања за измена на податоците во Избирачкиот список, велат од ДИК.
Исто така, до Државната изборна комисија, на е-маил адресата upisis@sec.mk се поднесени вкупно 35 барања.
Од Државната изборна комисија потсетуваат дека тече постапката за јавен увид во Избирачкиот список и истата ќе трае до 9 септември 2021 година.