На територијата на град Скопје изречени се вкупно 107 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 30, 16 санкции за возење без возачка дозвола, 11 за непрописно престигнување и обиколување, три санкции за возење под дејство на алкохол, 27 мерки за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.