Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (28.01.2024) продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 113 мерки, меѓу кои 48 санкции за непочитување на брзината на движење, девет мерки за возење без возачка дозвола, десет санкции за управување под дејство на алкохол, две мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информира МВР.