Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.08.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 115 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 69 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.
Изречени се четири мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за нерегистрирани возила, три мерки за користење мобилен телефон…
-Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.