Денеска се одбележуваат 118 години од загинувањето на македонскиот револуционер, борец за слободна Македонија, Даме Груев. На маршот учествува и премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во чест на војводата, на селските гробишта најпрвин беше одржана панихида, а потоа положени цвеќиња пред неговиот споменик, по што присутните се упатија кон месноста Петлец, местото на загинувањето на војводата Груев.