Заради медицинска евакуација, за Македонија полета уште еден авион на вооружените сили на Србија со четворица лекари и четворица медицински техничари, јави МИА од Белград. Планирано е со авионот да се пренесат 12 пациенти, соопшти српското Министерство за одбрана.
Тие објавија фотографии и нагласија дека продолжува нивната помош. Погледнете ја нивната објава.
Покрај авионот, рано денеска во Македонија беше испратено и амбулантно возило со медицински тим од Воената болница во Ниш за да превезе пациенти кои ќе бидат хоспитализирани таму. Синоќа со авион на вооружените сили на Србија беа пренесени во Белград 12 пациенти. На нив им беше укажана помош во ВМА и Клиничкиот центар на Србија.
Шест лица од ВМА останаа во Македонија – двајца хирурзи, анестезиолог, анестезиолог и двајца медицински техничари – инструментари, наведе МО на Србија.