Алармантана ситуација во Гари
Претседателот на месната заедница во село Гари, Стево Лазаревски вели дека ситуацијата е алармнтна, владее страв, луѓето почнуваат да ги напуштаат своите огништа. Пожарникарите заедно со шумската полиција се борат со огнената стихија. Очекуваат воздушна поддршка.
Според ЦУК, засега кај Гари има само чад, а пожарот е високо во планината. Воздухоплови ќе се употребат само ако има потреба, велат од ЦУК. Во Гари се ангажирани 10 припадници на Национални шуми и двајца пожарникари со лесно возило кои се подготвени за дејство.
Екипите се на терен
Според Џетан Мифтароски, командир на дебарската територијална противпожарна единица, засега интервенираат заедно со вработените на подружницата „Стогово“ на ЈП „Национални шуми“.
„Станува збор за планински, недостапен терен. Гореше сува трева и ситно стеблеста шума, но денеска е проширен и зафатена е високо стеблеста шума. Засега нема опасност за селото, но единствен спас е интервенција од воздух, која ја побаравме уште вчера“, додава Мифтароски.
Се јавиле и доброволци од соседните села, но поради ризикот што доаѓа од огнот, нивната необученост и немање соодветна опрема, не им е дозволено.
Извор: МРТ