Денеска се навршуваат тринаесет години од трагедијата на Охридското Езеро кога при потонувањето на бродот „Илинден“ животот го загубија 15 туристи од соседна Бугарија.
Несреќата се случи на 5 септември 2009 година, во 10:30 часот. Тоа саботно утро времето беше исклучително топло, езерото мирно и ништо не навестуваше дека ќе се случи најголемата бродска несреќа во историјата на пловидбата на Охридското Езеро.
Бродот „Илинден“ кој превезуваше 57 патници од Охрид за Свети Наум, како последица на механички дефект, претовареност и паника, се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.