Матурантите го полагаа испитот по мајчин јазик. Освен во своите училишта, вчера 450 матуранти седнаа во испитните клупи на земјоделскиот факултет за да им се тестира знаењето по мајчин јазик. Со тоа почна полагањето на државната матура. Прашањата за некого тешки, за некого лесни, но визијата иста – упис на факултет како прв чекор за добивање диплома.
15.000 матуранти од целата држава полагаа прв дел од испитот. Надлежните предупредија дека ќе има санкции за оние кои ќе дозволат дошепнување и препишување. Матурантите, пак кои се обиделе да го изиграат системот, цела година ќе немаат право на поправен.
Започна полагањето државна матура: Министерката Јаневска уверува за објективни резултати
Од оваа година, дел од матурантите наместо во своите, доскорешни столчиња, седнаа во универзитетските – како дел од реформата во полагањето на државната матура.
Средношколците кои нема да ја положат матурата, ќе преполагаат во август. Резултатите ќе се знаат најдоцна еден месец по полагањето на вториот екстерен испит закажан за 11-ти јуни.
Извор: МРТ