Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 53 санкции, 26 мерки за возење без возачка дозвола, 20 санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, три санкции за нерегистрирани возила… Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.