Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), три санкции за возење под дејство на алкохол.
Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за непрописно престројување на возила.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.