Над 155.000 граѓани го следеа на Фејсбук отчетот на премиерот Христијан Мицкоски по повод една година од формирањето на Владата. Под слоганот „Ги градиме темелите на промените. За твоето време кое доаѓа.“, премиерот го презентираше сработеното, но уште поважно – визијата за иднината.

Во енергично и содржајно обраќање, кое за прв пат беше направено во присуство на граѓани, Мицкоски ја истакна борбата против корупцијата, економскиот раст, инвестициите, новите автопати, унапредувањето на образованието и здравството.

  • „Ги поставуваме темелите на една Македонија која има промено. Не градиме за денес – градиме за иднината. За твоето време кое доаѓа. За држава која ќе биде исправена, праведна и силна. Ова е време на работа, чесност и одговорност“, нагласи премиерот.

Настанот предизвика голем интерес на социјалните мрежи – илјадници реакции, коментари и споделувања. Гледаноста од 155.000 луѓе во живо претставува рекорден досег за јавен настап на премиер во дигитален формат, што само го потврдува зголемениот интерес на јавноста за отчетност и непосредна комуникација.

Со овој отчет, Владата испраќа порака дека промените се започнати, дека нема враќање назад и дека целта е јасна – нова ера за Македонија, во која граѓанинот е во фокусот, а институциите работат со чесност и посветеност.