365 дена Ковачевски, 365 дена скандали, владата на СДС и ДУИ работи како до сега, криминал, корупција и борба за личен интерес, наместо за народот и државата. Дезертерот Ковачевски почнува со основање на фирмата Пиксел груп уште со доаѓањето на СДС на власт, за потоа таа фирма основана заедно со неговиот кум да се најде во центарот на аферата Броило тешка 26 милиони евра, заедно со КМГ ЕОЛ Квазар основана само од неговиот кум, истакна Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
-Пиксел груп во целиот период додека е СДС на власт добивала државна помош во износ од скоро 450.000 евра, и грантови од ФИТР од 70.000 евра. Фирмата основана од Ковачевски добивала пари и во периодот додека тој бил мандатар за состав на влада.
КМГ ЕОЛ Квазар, поврзана фирма со Пиксел груп, додека Ковачевски бил заменик министер за финансии, склучила договор со ЕВН тежок 2 милиони евра. А оваа компанија од доаѓањето на СДС на власт добила и скоро 2 милиони евра државни тендери.
Аферата Броило резултираше со отворање на фирма во ТИРЗ Тетово за градење на фабрика за соларни панели од страна на Пиксел груп со бугарска фирма партнер во висина од 54 милиони евра.
И додека луѓето околу Ковачевски се полнат со пари, Македонија се соочува со највисоката стапка на инфлација во последните 25 години. Инфлацијата во земјава е во врвот на Европа со скоро 20%, а основните прехранбени продукти за само една година се поскапени за над 30%.
Власта се богати, а народот осиромашува, Ковачевски не запира да ја срами Македонија. Владата се обиде да испрати 26 годишна ТВ презентерка на вести за генерален конзул на Македонија во Њу Јорк. Меѓународната репутација на државата од ден во ден се разнишува.
Ковачевски ја убива и иднината на државата. Студентите се понижени и тие после долги години под притисок годинава излегоа на протести. Ништо од ветувањата за изградба на студентски град од пред 7 години, ниту за подобар студентски стандард.
Нагризано е и здравството, кое служи за тендери и матни зделки. Заради финансиски ќар власта го раскина договорот за изградба на Клиничкиот центар во Скопје кој требаше да се гради на локацијата на постојниот, само за да проектира нов кој ќе чини 4 пати повеќе од тој за кој веќе имаше одобрено и пари и проект. Заради алчноста на власта сега државата ќе треба да плати 8.5 милиони евра пенали.
Функционерите на СДС и ДУИ ги навредуваат новинарите, вработените по институции и граѓаните. Советникот од ДУИ Нефи Усеини на дрзок и безобразен начин се пресметува со новинарите.
Власта буквално функционира како до сега. Ќе продолжат уште пожестоко, ако не ги запреме заедно. Затоа се потребни предвремени избори, со цел промени и нова влада на ВМРО-ДПМНЕ која ќе донесе подобра иднина, додава Лефков.