Од нив седум возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури на 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 44 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 132 надвор од населено место.
-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, информираат од МВР.