Полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода С.М. (19) за предизвикување пожар во Тетово кај железничкиот надвозник
Денеска, на 15.08.2025 околу 16:15 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М. (19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово. Тој бил затекнат додека вршел дело – предизвикување пожар во Тетово со палење кабли кај железничкиот надвозник на ул. „Маршал Тито“.
Со навремена интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, со што се спречени поголеми штети на инфраструктурата и околината.
С.М. е задржан во полициска станица, а по комплетирање на документирањето на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок за стореното.