Инцидент се случил вечерва во просториите на болницата 8-ми Септември, дознава Канал 5.
Според сознанија на телевизијата, вработен во болницата бил прободен со нож во пределот на ребрата.
-Денеска (07.01.2024) во 19:47 часот од ГОБ “8 Септември” е пријавено е дека Д.Т.(36) од Скопје, вработен во болницата се здобил со повреда откако со нож му била нанесена расеченица од М.Н.(77) од Скопје, пациент во болницата. Според пријавеното напаѓачот претходно во ходникот агресивно се однесувал и кон вработена во болницата. Полициски службеници се излезени на местото на настанот, велат од МВР.
-Од наши извори дознаваме дека пациентот моментално се наоѓа на разговор во полициска станица, објави Канал 5.