Во парк шумата Гази Баба, вчера по полноќ било пронајдено лице кое барало помош, по што полициски службеници излегле на местото и констатирале дека се работи за лице со иницијали К.К. од Скопје.

Во разговор со полициските службеници, лицето пријавило дека поради паричен долг бил нападнат од неколку лица, од кои дел познавал.