Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1.245 тестирања, регистрирани се 118 нови случаи со КОВИД-19, 18 починати и 396 оздравени пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Од новозаболените во Скопје има 93, Кавадарци – 11, Битола – 5, Прилеп и Струга – по 2, Куманово, Велес, Крива Паланка, Кратово и Богданци – по 1.

Од 396 оздравени пациенти од Скопје се 175, Битола – 37, Прилеп – 26, Кавадарци – 16, Штип – 15, Куманово – 13, Кочани – 12, Тетово – 11, Крива Паланка, Гевгелија и Берово – по 10, Велес – 9, Кратово и Делчево – по 8, Демир Хисар – 6, Охрид и Неготино – по 5, Валандово – 4, Свети Николе и Пробиштип – по 3, Струмица, Радовиш и Демир Капија – по 2, Струга, Гостивар, Кичево и Пехчево – по 1.

Од 18-те починати шест се од Скопје (63г, 68г, 70г, 71г, 72г и 89г), три од Струмица (71г, 73г и 87г), по две од Пробиштип (60г и 67г) и Неготино (66г и 90г) и по едно од Битола (81г), Демир Хисар (87г), Кочани (78г), Кратово (79г) и Штип (65г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 03.11.2021 до 26.11.2021. Регистрираните починати лица се од Скопје (2), Куманово (1) и Пехчево (1). Починатите лица се на возраст од 61г до 88г. Две од пријавените лица се починати во болнички услови и две лица во домашни услови .

Досега во земјата се направени вкупно 1.468.996 тестирања на Ковид-19. Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 215.125, бројот на оздравени пациенти е 199.460, на починати е 7.569, а на активни случаи изнесува 8.096.

Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 94103, Активни 3851
Куманово 12855, Активни 252
Тетово 11310, Активни 150
Прилеп 10156, Активни 401
Битола 8609, Активни 635
Гостивар 8059, Активни 29
Велес 7276, Активни 331
Кавадарци 6928, Активни 300
Штип 6563, Активни 177
Охрид 6435, Активни 295
Струмица 6089, Активни 159
Кичево 4221, Активни 81
Кочани 3982, Активни 181
Струга 3900, Активни 65
Гевгелија 2781, Активни 129
Неготино 2553, Активни 60
Свети Николе 2112, Активни 81
Крива Паланка 1877, Активни 133
Ресен 1734, Активни 107
Радовиш 1711, Активни 61
Дебар 1455, Активни 1
Берово 1422, Активни 82
Делчево 1382, Активни 133
Виница 1151, Активни 42
Пробиштип 1110, Активни 24
Валандово 926, Активни 50
Кратово 760, Активни 45
Богданци 642, Активни 40
Демир Хисар 608, Активни 78
Крушево 582, Активни 29
Македонски Брод 490, Активни 10
Демир Капија 423, Активни 6
Македонска Каменица 412, Активни 67
Пехчево 347, Активни 9
Дојран 161, Активни 2.