Најмногу активни пожари во Македонски Брод и Прилеp

Според утринскиот извештај на Центарот за управување со кризи, до 08:00 часот утрово на територијата на државата се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор. Од нив, четири се сè уште активни, три се под контрола, а 15 се целосно изгаснати. Активни пожари има кај село Нивичино во Општина Василево (нискостеблеста шума и грмушки), кај село Грешница и во реонот меѓу Црешнево, Локвица и Крапа – сите во Општина Македонски Брод (мешана шума и сува трева), како и помеѓу селата Царевиќ и Смолан во Прилепско (сува трева).

Три пожари ставени под контрола

Под контрола се пожарите на планината Жеден – од с. Желино кон Еребино (нискостеблеста шума и ниска вегетација), како и во реонот кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци во Општина Велес, и меѓу селата Октиси и Белица во Општина Струга. На сите овие локации надлежните служби се уште се присутни за целосно санирање на теренот.

Повеќето пожари изгаснати, состојбата будно се следи

Преостанатите 15 пожари се веќе изгаснати. Институциите и службите за справување со пожари остануваат во готовност, со цел навремено интервенирање и спречување на ширење на огнот, особено поради високите температури и сувите временски услови.

Извор: Курир