Вараждинското Жупаниско државно обвинителство донесе решение за спроведување истрага против 23-годишен државјанин на Македонија, кој пред неколку вечери се обиде да убие едно лице, а четири тешко рани.

Инцидентот се случил на 28 април, во 3 часот по полноќ кога Македонецот на сред улица два пати избол со нож врсник, при што му задал рана во стомакот и предизвикал внатрешни повреди.

Исто така, основано се сомнева и дека, во истата прилика, со нож им задал убодни рани и расекотини на четворица оштетени и им нанел телесни повреди, стои во обвинението.

На момчето му е одреден истражен затвор поради опасност од повтроување на казнените дела, опасност од бегство и опасносн од недопуштено влијание врз сведоците во истрагата.

На македонскиот државјанин ќе му се суди за две казнени дела, а може да добие казна затвор од пет години. Тој, во моментот, се наоѓа во истражниот затвор, пренесуваат хрватските медиуми.