23-годишен скопјанец синоќа бил уапсен во скопски Аеродром поради физички напад врз полициски службеник кој бил на должност.

Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера (03.02.2026) во 22:35 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.М.(23) од Скопје поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејства.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.