Се искачи бројката на жртви од Железничката станица во Нови Сад
Бројот на жртвите од падот на настрешницата на неодамна реновираната зграда на Железничката станица во Нови Сад се искачи на 15, откако еден од тројцата повредени почина по повеќе од две недели борба за живот во болница.
Меѓу загинатите во несреќата на 1 ноември има и деца на возраст од шест, 10, 16 и 17 години.
Од трагедијата, во Нови Сад и во Белград се организирани повеќе протести на кои се бара утврдување кривична одговорност за падот на настрешницата, како и оставка од одговорните од политички и морални причини.
Досега нема приведени, ниту осомничени, а само една оставка
Досега правосудните органи никого не приведоа ниту осомничени.
Од новосадското обвинителство велат дека предистражната постапка е во тек и дека досега се сослушани претставници на Министерството за градежништво, како и проектанти, надзорни органи и изведувачи за реновирање на станицата.
Иако државниот врв постојано повторуваше дека оставки ќе има, досега само министерот за градежништво Горан Весиќ ги поднесе.
Младата Ања подлегна од падот на настрешницата во Нови Сад
Младата Ања Радоњиќ (24) им подлегна на повредите кои ги доби при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад. Раката и била ампутирана, а како што рекле нејзините блиски имала внатрешно крварење и била на дијализа. Ања почина на 17. ден од борбата за живот во Клиничкиот центар во Војводина.
Збогум Ања, на твојот лик е ликот на моите деца, ликот на децата на сестра ми, ликот на децата на брат ми, ликот на децата на моите братучеди, ликот на децата на моите пријатели, пријатели, познаници. .. почивај во мир мило дете“, стои во прошталната порака на една млада девојка.
Целиот регион навиваше да издржи и да преживее, но не успеа.
Ања беше во Нови Сад во несреќен момент. Таму живее нејзиното момче. Можеби се враќала во Белград или штотуку пристигнала. Не знаеме. Се молиме да издржи – накратко изјави нејзината братучетка.
Ања учела кинески на Филолошкиот факултет во Белград, а тренирала кошарка со години, па најблиските верувале во нејзиниот победнички спортски дух!