30 дена притвор

Определена мерка притвор во траење од 30 дена за Љупчо Палевски Палчо. Беше спроведен во Кривичниот суд на распит пред судија на претходна постапка за да се произнесе по мерката притвор определна во негово отсуство. По час и половина беше вратен во истражниот затвор „Шуто Оризари“. Ова е негов прв исказ пред истражните органи во државава. Пред камерите изјави дека не го извршил убиството на Вања и Панче.

Адвокат по служена должност

Палевски доби адвокат по службена должност откако ни еден од тројцата предложени од негова страна не се согласи да го застапува во постапката. Во соопштението од Кривичниот суд стои:

„Судија на претходна постапка донел решение со кое на осомничениот му се определува мерка притвор во траење од 30 дена која започнува со нејзино реализирање од денот на неговиот прием во истражниот затвор Скопје, бидејќи велат постојат околности дека може да се даде во бегство, и да ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоците. Против ова решение одбраната имаат право на жалба пред кривичниот совет“.

Кратка ретроспектива

Љупчо Палевски беше уапсен во Турција. По пет месеци во екстрадициски притвор, минатата недела е испорачан на македонските власти. За тројцата соизвршители во двојното убиство на 14 годишната Вања Ѓорчевска и 74 годишниот велешанец Панче Жежовски се затвора обвинението. Осомничени се и двајца за помагање, еден од нив е таткото на Вања, кој е во домашен притвор.