Триесет дена притвор доби велешанецот Ангелче Николов, кој со автомобил во саботата ја усмрти 11-годишната Магдалена, а тешко ја повреди нејзината мајка.
Судија на претходна постапка го прифати барањето на обвинителството, кое отвори истрага за две кривични дела. Ќе го гони и за сообраќајката со смртни последици, но и за тоа што побегна и не им пружи помош на повредените.
За овие кривични дела е предвиден затвор од пет до 15 години.