Одбележувањето ќе започне со трибина „30 години се грижиме за Македонија“ во 12 часот на отворената тераса во хотелот Епинал.
На трибината учество ќе земат видни личности од политичкиот живот во изминатите 30 години:
– Министерот во првата македонска влада Мартин Тренески
– Поранешниот потпретседател на Влада, амбасадорот Маријан Ѓорчев
– Поранешниот претседател на ЗЕЛС, пратеникот и градоначалник Коце Трајановски
– Поранешниот премиер, министерот и пратеник Емил Димитриев
– Првиот градоначалник на општина Битола Златко Милошески
– Модератор на трибината „30 години се грижиме за Македонија“ ќе биде Марија Митева портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Централната прослава „30 години се грижиме за Македонија“ ќе се одржи во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола.
Пригоден говор пред присутните ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р. Христијан Мицкоски