Денеска (17.10.2022) во периодот од 06.00 до 10.00 часот на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома. При контролата констатирани се 30 прекршоци. Од нив 23 возила се упатени на вонреден технички преглед, исклучени од сообраќај се пет возила кои вршат јавен превоз.
Изречени се четири санкции за возење без возачка дозвола, три мерки за технички неисправни возила.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.