Туск предупреди на можна ескалација на конфликтот на Блискиот Исток во наредните денови
Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека постојат индикации за можно заострување на ситуацијата на Блискиот Исток во блиска иднина. Тој посочи дека, според информации од сојузниците, стабилизацијата не е веројатна.
– Имам причини да верувам, врз основа на информациите што ги добивме од нашите сојузници, дека стабилизацијата не е веројатна во наредните денови. Напротив, може да видиме нова ескалација – додаде Туск во изјава за медиумите.
Тој не изнесе дополнителни информации.
