4-годишно дете, патник во автобус, е тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на скопска раскрсница. При судир меѓу автобусот и возило, едниот возач избегал од местото на несреќата.

 -На 11.03.2026 во 09:25 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од бул.„Кузман Јосифовски Питу“, бул.„Кочо Рацин“ и ул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Г.(55) од с.Волково, скопско и патничко возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Со тешки телесни повреди се здобило четиригодишно дете од Скопје, патник во автобусот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, информираа од полицијата.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.