По 42 степени во Гевгелија и 40 во Скопје, УХМР најавува пороен дожд и освежување од недела
Во Гевгелија денеска се измерени 42 степени, највисока температура во државата. Во Скопје, Демир Капија и Струмица достигнати се 40 степени, додека во Велес биле измерени 41 степен.
Најсвежо било на Попова Шапка со температура од 24 степени. Според најавите од УХМР, и утре не се очекува промена – времето ќе биде сончево и многу топло.
Се предвидува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринските температури ќе се движат меѓу 13 и 22 степени, а дневните ќе достигнат од 36 до 42 степени.
Во Скопје, каде денеска беа измерени 40 степени, ќе продолжи топлото време. Ќе има слаб до умерен ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат меѓу 21 и 41 степен.
Во петок и сабота ќе се задржи многу топло и претежно сончево време. Температурите повторно ќе достигнат и до 43 степени на одредени места.
Од недела се најавува промена на времето. Според метеоролозите, се очекува локална нестабилност, пороен дожд и грмежи.
Температурите, кои деновиве достигнуваат до 40 степени. Од недела ќе бидат во опаѓање.