На територија на Град Скопје во текот на вчерашниот ден се изречени вкупно 144 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 47 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење мобилен телефон при возење.

МВР денеска соопшти дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.