Обвинение за примање награда за противзаконито влијание

По спроведена темелна истражна постапка, Јавното обвинителство од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – примање награда за противзаконито влијание, согласно Кривичниот законик.

Според обвинението, обвинетиот во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со цел да прибави противправна имотна корист, примил вкупно 50.000 евра. Средствата ги примил за да посредува и да го искористи своето влијание, со намера да влијае кај судија во Апелациониот суд Скопје и да предизвика службено дејствие кое не би смело да се изврши.

Предлог за продолжување на мерката

Имајќи ги предвид околностите врз основа на кои обвинетиот претходно му беше определена мерка, јавниот обвинител во обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на истата, соопштија од обвинителството.