Во врска со трагичната несреќа што се случи во Кочани, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија споделува контакт податоци од надлежните лица во македонските дипломатско-конзуларни претставништва, во земјите каде се хоспитализирани наши државјани.

Воедно, во листата на контакти вклучени се и претставништвата во земјите кои понудиле помош за хоспитализација и лекување, инфомираат од МНР.

Листата со контакти може да ја видите на линкот ТУКА.

Како што информираше министерот за здравство Арбен Таравари, вкупно 51 пациент се хоспитализираи во странство.

„Во Турција се 9 пациенти, во Бугарија 14 и во Грција 5, во Србија 17 пациенти. Во Будимпешта се испратени двајца и во Литванија 4 пациенти. Денеска очекуваме уште неколку пациенти да бидат испратени надвор од државата, во Хрватска, Словенија, Австрија и 12 пациенти во Белград, во ВМА“, изјави Таравари.

Тој напомена дека сите 20 критични пациенти кои се надвор од државата се релативно стабилни и оти засега нема промена во нивната состојба.