Неготинец е пронајден починат на работно место, потврди портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Случајот бил пријавен синоќа во 19:24 часот во Полициската станица Неготино. Станува збор за 69-годишен човек, кој работел во фирма во неготинско село.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено за обдукција.