Повозрасна жена била нападната физички во центарот на Скопје, додека физички инцидент имало и во Гази Баба.

– На 14.11.2023 во 20.35 часот во СВР Скопје, М.Ѓ.(69) пријавила дека околу 19.20 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од З.С. и Д.Ѓ.(44), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, соопштија од МВР.

– На 14.11.2023 во 10.30 часот во СВР Скопје, М.Ф.(34) од с.Љуботен, скопско, пријавил дека околу 09.45 часот во кругот на пазар на подрачјето на Гази Баба, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од А.Ј.(33) и З.Ј.(41), двајцата од с.Баница, струмичко. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, известија од полицијата за другиот случај.