Го разбираме очајот и паниката во која се наоѓа СДС, и тоа се гледа во секое нивно соопштение или јавен настап, ама дека СДС ќе пушти соопштение против градоначалниците на СДС не верувавме се до утрово кога всушност пуштија соопштение дека бил загаден воздухот.

Под кованицата скопјани дишеле загаден воздух, спаѓаат и карпошани, чаирчани, центарци, и сарајчани каде се градоначалници поддржани од СДС и ДУИ.

Дали СДС гледа некаква физичка граница за воздухот помеѓу општини кои се СДС и ВМРО-ДПМНЕ и граници помеѓу каде оди загадениот и чистиот воздух ни е непознато, но ваква глупост одамна не била изнесена во јавност.

Справувањето со загадувањето и загадениот воздух кое и СДС го ветуваше треба да се чисти со заеднички напори на централната и локалната власт. СДС е партија која е власт 7 години и со прст не мрдна. Тие не треба да ја градат својата среќа над несреќата на другите. Наместо политиканство нека ги остават тастатурите и нека поработат за народот конечно.