И покрај добиениот случај, Давитковски сѐ уште не може да си ги земе своите 700.000 евра!?
Голготата на Сашо Давитковски низ судските лавиринти за Скопски Пазар утрово беше објаснета од неговата страна на радио Лидер. Од почетокот на 20 април 2015 година, до сега поминаа 10 години и случајот застарува. Е сега, и покрај тоа парите стојат на сметка на судот. На 20 април се констатира дека нема зошто да се суди веќе тој случај бидејќи е застарен и парите да бидат вратени на сметка. Но, Давитковски досега сѐ уште ги нема парите на сметка.
Судот е должен, по службена должност да ги врати парите на сметка, меѓутоа по барање на тогашните тужители Скопски пазар повторно се донесува барање за привремена мерка. Чим нема кривично дело, нема ни основ за што друго да се прави. Им се допаѓаат тие 700.000 евра и решени се со сите сили да ги украдат, вели Давитковски за Радио Лидер.
Давитковски објаснува дека тој се уште нема пристап до неговите 700.000 евра. Дружината предводена од Ацо Дудулоски, Фатмир Етеми и сопругот на Весна Дамева до ден денес го спречува Сашо Давитковски да си ги земе своите пари и тие сѐ уште стојат на сметката на судот.
И покрај целата голгота, Давитковски упатува апел судот веќе еднаш да биде на висина на задачата.
Мислам дека судот треба да е на свое ниво. Веќе еднаш треба да почне да се спроведува законот. Треба да се знае дека и други луѓе се засегнати во оваа држава. Во време на „Шарената револуција“ слоганот беше „Нема правда, нема мир“ ама од денешна дистанца тоа повеќе ми личи на закана.
Инаку, заради овие судски лавиринти Давитковски вели дека изгубил многу пари, многу енергија, многу години. Тој потсеетува дека на 26 март 2025 година Врховниот суд носи одлука да се носи пресудата на Апелација, не поради застареност туку затоа што има серизони повреди на постапката. Носена е одлуката без докази. Воопшто и немало кривично дело.
Погледнете повеќе од веста во продолжие: