Зголемена наплата и активна борба со криминалот
Царинската управа одбележа 33 години постоење со значајни резултати. Во првиот квартал од 2025 година, приходите достигнале близу 480 милиони евра, што е 13,6 милиони повеќе споредено со истиот период лани. Овој раст се должи на засилени контроли и зголемена ефикасност на терен.
Детален преглед на приходите
Во однос на клучните извори на приходи:
Царинските давачки се зголемени за 15,6%
Акцизата бележи пораст од 5,7%
Данокот на моторни возила е повисок за 16,2%
Дополнително, 20 милиони денари се наплатени по извршени контроли, а се донесени решенија за дополнителна наплата од 5,7 милиони денари.
Борба со криминал и корупција: Строги мерки и конкретни резултати
Во првите три месеци од 2024 година, Царинската управа спровела 410 заплени, што е 77% повеќе од истиот период лани. Над 300 од нив се направени во втората половина од минатата година.
Според директорот Славко Николовски, овие бројки се доказ за засилената акција против криминалот, и тоа не само на границите, туку и внатре во самата институција.
Внатрешна чистка и дисциплински мерки
Досега се потпишани 8 откази за царински службеници, а се водат бројни дисциплински постапки. Само во последните пет месеци поднесени се:
102 кривични пријави
Од нив 13 против царински службеници
Пријавите се однесуваат на 58 правни и 184 физички лица
За споредба, од 2020 до 2023 година биле поднесени само 85 кривични пријави вкупно.
„Имаме историски најмногу кривични пријави на месечно ниво од 2016 година наваму“, потенцира Николовски.
Проекција за летниот период: Уште повисока наплата
Иако моменталната наплата е само 1% под проекцијата, Министерството за финансии очекува раст во лето поради поголема фрекфенција на границите. Овие приходи ќе значат повеќе пари за капитални проекти: училишта, болници, патишта и повисоки плати и пензии.
Извор: Алфа