-Еден убав настан, се претвори во политичко препукување и реваншизам, вака градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов го коментира настанот на Гинекологија во Штип, откако не му било дозволено да го види и да му донесе подароци на првото бебе во овој град во Новата година.
Според Јорданов, Директорот на Клиничката болница во Штип, „го откри нечовечкото во него“.
-Иако уредно најавени, со одобрение од дежурниот доктор и родилката, со традиционални подароци за првата среќа во нашиот град за оваа година, сепак по наредба на директорот, некултурно и дрско бевме оставени пред вратата на Акушерското одделение. Односно, наместо раководните лица годинава да смислеа како да се заврши Клиничката болница, наместо да внимаваа да не се изгубат парите за неа, очигледно повеќе енергија трошат како да унесреќат уште еден недолжен сограѓанин и во најсветлите моменти за него, објави Јорданов на својот Фејсбук профил.