Земјотрес со интензитет од пет степени според Рихтерова скала е регистриран во централниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Епицентарот на потресот се наоѓал на речиси 50 километри од градот Кајсери, каде живеат околу 600.000 луѓе.

Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.