Русија денеска регистрира 57.212 нови случаи на коронавирусот, што е зголемување во споредба со вчера кога се заразиле 49.513 лица, со што вкупниот број на регистрирани случаи на Ковид-19 од почетокот на пандемијата надмина 11 милиони.
Рускиот Кризен штаб соопшти дека во изминатите 24 часа починале 681 пациент, а од почетокот на пандемијата починале 325.433 луѓе.