Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски и претседателот на Владата на Република Бугарија Кирил Петков, како дел од програмата на официјалната посета на македонската Влада, го посетија државниот универзитет „Св. Климент Охридски“ во Софија.
Највисоки претставници на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ и на Економскиот факултет ги запознаа гостите со заедничката програма на Универзитетот Харвард од САД со софискиот државен универзитет на магистерските студии на Економскиот факултет, на која гостин професор е и премиерот на Бугарија Кирил Петков.
За време на посетата на универзитетот премиерите Ковачевски и Петков имаа куса средбата и со ректорот проф. д-р Анастас Герџиков, на која меѓу, другото, стана збор и за заедничкиот интерес на двете влади да ја охрабрат комуникацијата и соработката меѓу државните универзитети во Македонија и Бугарија.