Педестина возила на граничната полиција “партолитраа“ низ улиците во земјава. Донираните возила кои се предадени за потребите на Граничната полиција се превземени и дадени на Сообраќајна полиција. Претседателот на Независниот полициски синдикат Гоце Делчев Тодев вели дека оваа одлука е донесена со аманет од врвот на МВР. Со превземањето на возилата, се отежнуваат условите за работа и пристапот до граничните станици на граничните полицајци, а од другастрана се подобруваат условите за работа на сообраќајната полиција. Апелира МВР да отпочне постапка за набавка на нови возила.
Истовремено вели Делчев, во услови на предвоен конфликт во Украина, возилата на граничната полиција “сеат“ страв кај граѓаните кои секојдневно ги гледаат низ улиците во градовите. Ознаките “гранична“ не смеат да се отстранат од возилата затоа што тие се донација и мора да се користат во онаа состојба во која се предадени.

-Не само низ скопските улици, возилата на граничната полиција низ скопските улици се малку подолг временски период.
Поголем дел на моторни возила кои се донација од ЕУ, од ОБСЕ, донација од Германска Амбасада, донации од други амбасади во државава. Возила кои во минатото биле донирани на граничната полиција, од страна на одредени служби, директорот и министерот со нивни аманет беа префрлени во СВР Скопје и во останати сектори за внатрешни работи. И на тие возила не може да им ги тргнеме налепниците, ознаките , бидејќи донаторите на овие возила бараат тие да се користат онакаа како што се дадени на употреба. Е тие возила се возат низ и тие возила практично се на користење на полициските службеници од полициските станици во СВР Скопје и вршат служби како и сите остранти служби во полицијата.
Намалувањето на возилата во делот на граничната полиција го намалува и начинот на функиционирање на одредени службеници во граничната полиција.
Синдикатот се залага за подобри услови за работа. Ние со тие возила имаме подобри услови за работа на граничната полиција секако. Мислам и тврдам дека со превземањето на возилата од Гранична во СВР Скопје, намалени се условите за работа на вработените во Граничната полиција а истовремено зголемени и подобрени се условите за работа на полициските службеници во ПС од општа надлежност. Едни се со намалени права, други се со права кои веќе ги стекнале со подбри возила кои секако се нови.
Но тука друга е проблематиката. Прашањето е зошто полицијата не си обезбеди возила и за полициските службеници од Полициските станици од општа надлежност, за иснпекторите во одредени служби во СВР Скопје, за одредни служби во делот на потраги, за одредени служби кои се во рамки на министерството за да вршат полициски задачи во делот на нивните овластувања. Ние како синдикат се залагаме МВР да отпочне со набавка на возила за сите вработени во полицијата.

Лидер: Дали МВР за замена на Граничната полиција и додели други возила кои веќе ги има во своја сопственост?

За замена не ни дадоа ништо.
Гледајќи го сето тоа што се случува помеѓу Русија и САД и гледајќи ги возилата на гранична полиција низ улиците, граѓаните ги фаќа паника.
Ги слушам коментарите дека едноставно се врши тензија и на границите, се врши тензија на самата држава. Има страв кај граѓаните што е нормално, за мене е тоа нормално, бидејќи јас сум професионалец во она што го работам повеќе од 40 години и ми е јасно дека тој стрес и страв владее пред некој воен конфликит и е само рекација на психата на сите граѓани.
Гледајќи ги сите овие возила по улиците низ Скопје и одредени други градови низ државава граѓаните коментираат дали нешто се случува во оваа држава. Јас сакам да упатам еден апел дека нема потреба за никаков страв и паника во тој дел и уште еднаш да упатам порака како претседател на Независниот полициски синдикат, МВР треба да отпочне постапка за набавка на возила во службите каде е потребно, вели Гоце Делчев за Лидер.