Дозволете ми во мое лично име и во име на партијата ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија припадници на српската етничка заедница да им го честитам празникот Свети Сава. Големиот светител има дадено огромен и непроценлив придонес за културата на Србите, а неговото дело за ширењето на писменоста и христијанството оставил траен белег, пишува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски во честитката по повод празникот Свети Сава.
-Србите во Македонија се дел од културниот, јазичниот и општествениот мозаик на нашата земја, кои придонесувале и придонесуваат кон изградбата на заедничката иднина.
Духовните мостови помеѓу народите најдобро се симболизираат преку взаемната почит и соработка, а одбележувањето на ваквите празници овозможува продолжување на традицијата на заедничка доверба и негување на културни особености и обичаи. Македонија е горда на својата вековна историја на соживот и разбирање и тоа е нашиот темел за иднината. Само обединети можеме да ги надминуваме сите предизвици. Само сплотени можеме да ги решаваме сите проблеми кои не тиштат, без разлика на нашата верска и етничка припадност. Само заедно можеме да направиме подобра денешница и уште подобро утре.
Ви посакувам празничните мигови да ги поминете во радост, благосостојба и добро здравје.
Нека е честит празникот Свети Сава!, пишува Мицкоски во честитката.