Службеници од Полициската станица – Штип вчера го лишиле од слобода штипјанецот С.Д. (64), кој во 10.20 часот на улица „Лески“ во Штип бил затекнат при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од патничко моторно возило „Застава“, соопшти МВР.
Од таму додаваат дека украдениот предмет бил пронајден, одземен и вратен на сопственикот.
По комплетирање на случајот против С.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.