Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, и Штефен Худолин, шеф за соработка во Делегацијата на ЕУ, ќе го посетат Куманово и ќе имаат средба со градоначалникот Максим Димитриевски, со што ќе го означат почетокот на општински посети во 2022 година.
Евромбасадорот Гир, градоначалникот Димитриевски и Худолин ќе го посетат хотел „Солун“ во центарот на Куманово – споменик на културата кој неодамна беше преадаптиран во мултифункционален центар со поддршка од ЕУ.
-Процесот на трансформација, вклучувајќи реставрација и реновирање на поранешните хотелски простории, беше спроведен како дел од прекуграничната соработка помеѓу општина Куманово и општина Дупница. Реновирањето, финансирано од ЕУ во вредност од приближно 180.000 евра имаше цел да го зголеми туристичкиот потенцијал на Североисточниот плански регион, истовремено обезбедувајќи одржливост и зачувувањÐ µ на автентичноста на културното наследство на Куманово. Тоа е, исто така, уште еден пример за повеќекратните придобивки од прекуграничната соработка, информира Канцеларијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје.