Неговата ќерка Александра, на инстаграм се пофали дека Заеви се во Шамони, Франција и уживаат под падините на алпите и врвот Мон Блан.

Место во кое десетина дена за едно семејство чинат колку две години животни трошоци за просечно македонско четиричклено семејство.

За илустрација, дневна карта за ски центарот на местото каде што се Заеви чини неверојатни 75 вевра.

Ова туристичко место, е претставувано како едно од најлуксузните на планетата.

 

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски говорејќи на Комисијата за надворешна политика, рече дека се оствариле неговите прознози дека Македонија нема да добие датум за преговори. Тој потсети истото го тврдел и после Договорот во Преспа и тоа се потврдило.

Николоски е убеден дека преговори не добиваме бидејќи Македонија не е подготвена.

-Јас во една прилика реков дека во јануари може да се добие само датум за скијање. Еве наместо Македонија Заев доби датум за скијање во Шамони. – рече Николоски.