Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Османи и Ковачевски бегаат од македонската јавност да соопштат и споделат што преговараат со Бугарија.
-Пиунот Ковачевски е должен да одговори кога ветил дека Бугарите ќе бидат внесени во Уставот на Македонија и што Македонија добива за возврат. Додека од бугарските власти јасно се говори дека се преговара за отворање на Уставот на Македонија и вметнување на Бугарите во Уставот и дека не се преговара за македонско малцинство во Бугарија, молк од страна на пиунот Ковачевски за правата на Македонците во Бугарија. Нацрт документот кој пиунот Ковачевски го испратил до бугарската влада, преку неговиот министер Бујар Османи како одговор на бугарскиот пакет 5+1 се уште се крие, а со тоа е се поголем сомнежот дека задкулисно се преговара надвор од содржината на Резолуцијата која се донесе во Собранието, се вели во соопштението на партијата.
Посочуваат дека нема никаков реципроцитет, односно рамноправност со кои се обврзани Ковачевски и Османи со Резолуцијата во Собранието на Македонија.
-Повторно се преговара само за отстапки од македонска страна, и распродавање на државните и националните интереси. Затоа веднаш, без криење треба да ги објават интегрално одговорите од пакетот 5+1, велат од ВМРО-ДПМНЕ.