Во периодот што следи ќе посветам внимание и на зајакнување и проширување на тимот на стратешки советници, најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната прес-конференција по седницата на партијата.
Овој состав на Извршниот комитет е сериозна додадена вредност на нашата задача да ја промениме реалноста. И неспоредливо покомпетитивен од овој компромитиран и истрошен состав на владата. Заедно со новите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ покажавме дека можеме да се менуваме, имаме сила да ги движиме работите и дека заедно ќе победуваме со сериозен потенцијал кој го имаме и кој допрва ќе го мобилизираме – изјави Мицкоски.
Покрај првенствени задачи, како што кажа Мицкоски имале и други актуелни предизвици.
Потребата од намалување на бројот на пратеници од 120 на 90, заштедување на парите на граѓаните, пофункционален парламент и функционална демократија за една изборна единица, со праг кој заеднички ќе го договориме. Содржината на разговорите за спорот со Бугарија, заштита на државните интереси, како и пред се, како да му помогнеме на народот кој тоне во сиромаштија. Повеќе од кога било порано верувам дека ќе успееме да се избориме за промени кои за сите нас ќе обезбедат иднина каква овој народ и земја Македонија заслужува – истакна Мицкоски.