Словенечкиот министер за одбрана Матеј Тонин по денешната средба со британскиот колега Бен Валс во Љубљана истакна дека Словенија нема да испраќа оружје во Украина.
Тонин истакна дека „во Украина секако е подобро и лош мир отколку добра војна“ и оти засега не размислува за испраќање на оружје во Украина, како што направија другите земји-членки на НАТО.
– Клучно е на Путин, во рамките на сојузништвото на НАТО, да испратиме јасна и недвосмислена порака дека цената на војната едноставно е превисока, наведе Тонин.
Словенија во моментот има свои војници во НАТО мисијата во Летонија, а во април ќе им се придружат војниците од Македонија.
Според Тонин, тоа е најдобар одговор на НАТО во политиката за одвраќање на Русија од евентуален напад врз Украина.